Се подготвува проектот за топлификација на Битола

Bez autora
Feb 10 2014

Фирмата „Енергосистем“ од Скопје до второто полугодие од годинава има задача да изработи проект за инфраструктура за транспортен вреловод и вреловодна дистрибутивна мрежа, како дел од проектната документација потребна за изградба на системот за топлификација во Битола со искористување на топлината што се создава од РЕK Битола. Од „Електрани на Македонија“ велат дека во наредниот период ќе бидат изработени и основните проекти за изградба на транспортен вреловод, примарна и секундарна мрежа, локални предавателни пумпно-топлински станици за населбите Новаци и Логоварди и на локална примопредавателна пумпно-топлинска станица за потребите на земјоделските оранжерии.

Се подготвува проектот за топлификација на БитолаФирмата „Енергосистем“ од Скопје до второто полугодие од годинава има задача да изработи проект за инфраструктура за транспортен вреловод и вреловодна дистрибутивна мрежа, како дел од проектната документација потребна за изградба на системот за топлификација во Битола со искористување на топлината што се создава од РЕK Битола.

Од „Електрани на Македонија“ велат дека во наредниот период ќе бидат изработени и основните проекти за изградба на транспортен вреловод, примарна и секундарна мрежа, локални предавателни пумпно-топлински станици за населбите Новаци и Логоварди и на локална примопредавателна пумпно-топлинска станица за потребите на земјоделските оранжерии.

- Ако с` тече според предвидената динамика, до налето ќе биде завршен и основниот проект за изградба на вреловодна станица во РЕK „Битола“ со моќност од 200 мегавати топлинска енергија - најавуваат од ЕЛЕМ.

Оттаму додаваат дека во рамките на инвестицискиот зафат за топлификација на Битола веќе е изведена реконструкција на турбините на два термоблока во термоелектраната, со вкупна вредност од 4 милиони евра. По изготвувањето на проектната документација, ЕЛЕМ ќе распише меѓународен јавен повик за изведувач на изградбата на топлификациската мрежа, по што ќе почнат и градежните работи на терен.

- За да се анализира оправданоста на изградбата на централен топлификациски систем во Битола и во околината е изготвена техничко-економска студија за избор и концепција на централен топлификациски систем базиран на топлинска енергија од РЕK „Битола“. Со оваа студија се конципирани централниот топлификациски систем и елементите што влегуваат во неговиот состав. Студијата е изработена од загрепскиот Институт за енергетика и заштита на животната средина „Екоенерг“ - велат од ЕЛЕМ.

Со воведувањето на топлинската енергија за греење во дел од пелагонискиот регион се очекува значително да се намали потрошувачката на електрична енергија за греење и на нафта и огревно дрво во домаќинствата. Со тоа дополнително ќе се намали емисијата на стакленички гасови, а со тоа и загаденоста на градот.

Проценето е вкупниот износ на инвестицијата за топлификација на Битола во првата фаза да изнесува 66,6 милиони евра. Дел од тие средства, како што велат од компанијата, би се обезбедил со заем од 57 милиони евра, за што германската KФВ банка веќе изрази подготвеност за соработка, а преостанатиот дел ќе го обезбеди ЕЛЕМ од тековното работење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik